четврток, 12 ноември 2026
Најново

Комисијата предлага и средношколците да не носат маски, да се овозможи организирање ученички екскурзии

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Комисијата за заразни болести на денеска одржаниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.
Посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски.

– За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани, додаде д-р Мехмедовиќ.

Поврзани вести