четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Република Индија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Индија во Република Северна Македонија, Санџај Рана, со седиште во Софија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски нагласи дека Индија има особено значење заради ликот и делото на Мајка Тереза, која воспостави трајна и нераскинлива врска меѓу Скопје и Калкута, но и цврста врска меѓу двата народа.

Истакнувајќи дека пред двете земји со богато културно и историско наследство постојат големи можности за соработка како на билатерален, така и на мултилатерален план, претседателот Пендаровски изрази надеж дека во периодот што следи ќе се интензивира билатералниот политички дијалог преку реализација на меѓусебни посети.

Новоименуваниот амбасадор Санџај Рана го истакна високиот приоритет на Владата на Индија за понатамошен развој на билатералните односи и соработка со Северна Македонија. Во таа насока, тој информираше дека приоритетот ќе биде на развојот на подлабок политички ангажман, силна билатерална трговија и инвестиции, како и зајакната соработка во делот на технологијата и туризмот.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор на Република Индија, Санџај Рана, му посака успех во извршувањето на дипломатската функција.

Поврзани вести