четврток, 12 ноември 2026
Најново

Облачно со повремен дожд, најава за силен ветер од 60 км/ч

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претежно облачно ќе биде времето денес со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 10 степени, а дневните од 10 до 20 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура до 19 степени.
За утре се најавува променливо облачно и врнежливо, претпладне во јужните делови со сончеви периоди, од пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Максимална температура од 22 степени.

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде утре кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.
Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините во западните делови од снег.

Поврзани вести