Потребни состојки:
Бисквит
3 јогурти
200 gr шеќер
300 gr ситно мелено брашно
120 ml сончогледово масло
30 gr какао
2 лажички сода бикарбона
Глазура
150 gr путер
150 gr темно чоколадо
100 gr шеќер
100 ml млеко
Подготовка:
1) Направете бисквит
Загрејте ја рерната на 185 степени. Јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и содата бикарбона ставете ги во сад и измешајте ги со електричен миксер 2 до 3 минути за да се добие мазна смеса.
2) Печете
Смесата истурете ја во плех со димензии 20×30 сантиметри кој сте го премачкале со малку масло и сте го посипале со брашно за да не се залепи бисквитот.
Печете 20 до 25 минути.
3) Прелијте со глазура
Растопете го путерот на пареа, па додадете го ситно сечканото чоколадо и мешајте додека целосно не се стопи.
Додадете шеќер и млеко и мешајте со лажица додека не добиете изедначена смеса.
Оладениот колач прелијте го со чоколадната глазура.