Постои важна причина: Дали знаете зошто влакненцата на четките имаат различни бои?

Во минатото, четките за заби биле обично еднобојни и бескрајно здодевни.
Сега се во различни бои, шарени и многу поинтересни.
Сепак, дали некогаш сте се запрашале зошто четките за заби навистина ги имаат овие различни бои?


Тајната ја откри наставничка по име Џес, која објави интересно видео на Тик Ток.
А објаснувањето гласи: Најмалата боја – обично на врвот, треба да ви покаже колку, всушност, паста за заби треба да ставите.
„Всушност, не мора да ставате паста за заби долж целата четка“, вели Џес, а потоа покажа на темно синиот дел од нејзината четка за заби и рече: „Тука треба да ставите паста за заби со големина на зрно грашок“.


Таа додава дека и детските четки за заби имаат слична карактеристика – но бојата обично е во средината, а не на врвот на четката.
.„Еве четка за заби за мали деца и можете да видите дека сината боја во средината покажува точно колку паста за заби треба да ставите“, забележува Џес.
Д-р Џе-тех Гао вели дека количината на паста за заби прикажана во рекламите е преголема.
Тој објаснува дека користењето премногу паста за заби може да предизвика промена на бојата на забите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.