Конечно седна во црвената машина сама – Цеца уште пред две години и го купи овој автомобил на Анастасија, но таа дури сега положи

Среќата на младата пејачка е огромна!
Таа деновиве само ниже успеси, а по одличниот настап во Штутгарт, ќерката на Цеца Ражнатовиќ има уште една прекрасна причина за славење.
Имено, Анастасија неодамна го положила возачкиот испит, па првпат седна зад воланот и во таа пригода им се пофали на своите следбеници на Инстаграм.


Конечно во мојот автомобил. Тазе возач“, напишала задоволно насмеана на фотографијата, свесна дека по толку години фантазирање го остварила својот голем сон.
Имено Анастасија вози автомобил кој и го купи нејзината мајка уште пред две години кога немаше положено за кола.
Анастасија тогаш доби црвен џип од марката „Ренџ Ровер“ промовирајќи го во една емисија каде открива дека едвај чека да го положи возачкиот испит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.