четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево време со силен северен ветер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштаат и под нулата, а најстудено ќе биде утре наутро, додека дневните температури ќе бидат во пораст.

Поврзани вести