Грција до сепмтември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можат слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико
Од Делфи каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летот.
![](https://puls24.mk/wp-content/uploads/2022/04/grcijaaa-1.jpg)
Тоа практично значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат.
-Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот.
Според информациите во медиумите оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.