Можете да ги комбинирате овие техники или да се одлучите за една. Во секој случај, каква и да изберете техника, нема да погрешите.
Покрај вапсањето со кромид, во креп-хартија, јајца на пареа, техника на декупаж со салфетки, вапсање во вино, еден од најбараните методи за украсување на велигденските јајца е крајно необичен. Станува збор за вапсање со растворливи сокови, кои се многу евтини.

Предноста на оваа техника е што користи прехранбени бои, поточно сокот кој сите во детството го обожававме.
Потребни состојки:
сок на растворање од јагоди, малини (било кое црвено овошје)
15 јајца
1,5 лажичка сол
масло
Подготовка:
Добро измијте ги јајцата и нежно тријте ги со меката страна на сунѓерчето за да не се изгребат. Најдобро е да користите бели јајца бидејќи подобро ја апсорбираат бојата.
Јајцата поделете ги во три тенџериња и во секое сипете вода колку да ги покрие јајцата. Истурете половина лажичка сол и варете на средна топлина 15 минути. Кога јајцата ќе се сварат, тргнете ги од оган и во секое тенџере истурете ја содржината од кесичка сок.
Не мешајте, туку оставете прашокот сам да се растопи. Оставете да отстои околу 20 минути. Внимателно извадете ги јајцата и ставете ги на чинија да се исушат.
Доколку сакате да добијат убав сјај, премачкајте ги со крпа натопена во масло.



