Ручек на летечка платформа – атракција за туристите: Ресторан кој виси во воздух

Луѓето кои сакаат да одат на ручек или вечера на летечка платформа, сега тоа можат да го направат во Џакарта.
Во индонезискиот град неодамна е отворен несекојдневен ресторан под името „Lounge in The Sky“, кој на гостите ќе им пружи единствено искуство да јадат на 50 метри.
Во текот на едночасовното уживање, гостите ќе се препуштат на искуството на храна на отворено кое се вбројува меѓу „најекстравагантните“ во светот. Овој тип на ресторан е отворен за првпат во Индонезија, а трет од ваков вид во светот по Белгија и Малезија.
Додека уживаат во оброците, гостите ќе користат појаси, а придружниот персонал ќе биде опремен со безбедносни појаси. Супервизорите ќе ги запознаат гостите со безбедносните прописи пред да ја подигнат платформата. Платформата може да прими 32 лица, а цената на оброкот во овој ресторан се движи од 110 до 260 долари.


Ресторанот има одредени правила за своите гости, вклучувајќи минимална возраст од 17 години, максимална тежина од 150 килограми и минимална висина од 135 сантиметри.
Телескопска дигалка тешка 300 тони го одржува во воздух „Lounge in The Sky“, а ресторанот ќе остане во Џакарта три месеци. Гостите можат да ги резервираат своите места, а пред отворањето на ресторанот имало над 5.000 гости на листата на чекање.
Трите пакети за гости вклучуваат стандардна класа за 112 долари, бизнис класа за 225 долари и прва класа за 260 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.