СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од недела пообилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување

Под влијание на влажна и студена воздушна маса в недела и понеделник времето во земјава ќе биде облачно, ветровито и значително постудено, со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.


Пообилни врнежи од над 20 литри на квадратен метар ќе има в недела, особено во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени, а од вторник на места ќе има утрински температури и под нула.

Пронајдете не на следниве мрежи: