четврток, 12 ноември 2026
Најново

МВР: Полициски службеници земале мито на граничниот премин Блаце, сторителите ќе бидат казнети

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полициски службеници на граничниот премин земале мито од албански државјани кои ја минувале границата, информираше МВР и објави дека се работи на санкционирање на сторителите.

„Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста“, стои во соопштението на МВР.
Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Поврзани вести