ТАСА СО СВЕКРВАТА НА ЗАБАВА! Лудница во Шпанија, гори цела дискотека

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ужива во романса со фудбалерот Немања Гудељ, поради што замина во Севиља каде што тој игра, а од далечната Шпанија не престанува да објавува фотографии и видеа.
Пејачката не ја крие врската со спортистот, па секојдневно објавува фотографии со членовите на неговото семејство. Друштво ѝ прави и сестра му Вања, а сега таа се пофали со видео од забавата со свекрвата – Оливера Гудељ.


Анастасија сподели видео на Инстаграм со неговата мајка и сестра од забава и покажа како се забавуваат.
Едно е сосема јасно – Таса одлично се забавува со најблиските на Немања.
Медиумите пишуваат дека мајката на Анастасија, Светлана Ражнатовиќ ќе го запознае младиот фудбалер за Велигден, кога Немања и Таса планираат да дојдат во Србија. Таа е пресреќна што нејзината наследничка го пребродила раскинувањето со Ѓорѓе Куљиќ и што повторно е среќна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.