Сергеј Лавров: Поддршката за сириските бунтовници го задлабочува конфликтот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги критикуваше земјите кои ги поддржуваат опозициските групи кои се борат против диктатурата на сирискиот претседател Башар Асад, изјавувајќи дека тоа уште повеќе ја продлабоува разорувачката војна во Сирија.

Лавров истакна дека борбите во Сирија треба да бидат запрени преку примирје, ослободување на затворениците и хуманитарна помош.

Според него, бројот на воените злосторства се зголемува, при што тие се вршени како од режимот на Асад, така и од опозициските бунтовници.

Шефот на руската дипломатија истакна дека екстремистичките групи, вклучувајќи ја и Ал каеда, станале поактивни во Сирија, каде извршуваат напади врз цивили и државната инфраструктура.

Пронајдете не на следниве мрежи: