РОЛАТ СО ЈАГОДИ! Кој би можел да му одолее на ова слатко задоволство?

СОСТОЈКИ:
За кора:
125 гр шеќер
5 јајца
100 гр брашно
50 гр густин
прстофат сол
шеќер за поросување


За фил:
400 гр јагоди
500 мл слатка павлака
1 лажица шеќер во прав
ПОДГОТОВКА:
Одделете ги жолчките и белките. Изматете ги жолчките со 100 гр шеќер, а белките со прстофат сол и остатокот од шеќерот во цврст снег. Измешајте ги двете смеси, па постепено додавајте брашно и густин со постојано мешање со миксер за храна.
Тестото истурете го во плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу десет минути. Извадете ја кората од тавата, ставете ја на кујнска крпа поросена со шеќер, свиткајте во ролна и оставете да се лади.
Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав.
Изладената кора внимателно одвиткајте ја, намачкајте го филот, па наредете ги исчистените јагоди и повторно виткајте во ролат. Изладете го ролатот, па исечете го на подебели кришки и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.