Оваа салата е слична на традиционалната мимоза салата, само е малку попикантна и покремаста.
Сите домаќинки воочи Велигден подготвуваат вкусни оброци со кои сакаат да ги восхитат своите семејства и пријатели.
Состојки:
- 400 грама пилешко месо;
- 4 јајца;
- 3 компири;
- 1-2 пакување зденка;
- Млад кромид;
- 5 лажици мајонез
- Сол, бибер.
Подготовка:
Сварете ги компирите и јајцата, па одвојте ги белките од жолчките. Изрендајте го компирот, како и јајцата. Во калап распоредете го компирот, па ставете 2 лажици мајонез, сечкано пилешко месо, па потоа 1 лажица мајонез, ситно сечкан млад кромид, 1 лажица мајонез, па рендани жолчки, 1 лажица мајонез, рендани белки од јајца, 1 лажица мајонез и на крај рендана зденка.
Ставете ја салатата неколку часа во фрижидер, а потоа уживајте во нејзиниот вкус.
Пријатно јадење!