Решен 1 голем проблем: Трик како јагодите да останат свежи долго време

Еве како да ја продолжите свежината на јагодите со едноставен трик.
Јагодите веќе може да се најдат во продавниците и маркетите, а ретко кој не го сака ова вкусно овошје, но по ден-два тие стануваат меки.
Веројатно многу пати сте се нашле во ситуација да го наполните фрижидерот со свежо овошје, кое за само неколку дена почнало да скапува и поцрнува. Сепак, една мајка има решение за тоа. Стеф Глиготи откри како да го одржите овошјето свежо до 2 недели.


Според неа, решението е производот да се чува во стаклени тегли во фрижидер.
– Овој трик го најдов на интернет пред неколку месеци, па решив да го тестирам и навистина функционира. Ако го ставите овошјето, како јагодите на пример, во стаклена тегла во фрижидер и го затворите капакот, тоа ќе остане свежо две до три недели – вели Стеф во видеото кое го објави на социјалната мрежа „TikTok“.
Видеото собра повеќе од милион лајкови, а бројни следбеници коментираа како ќе го пробаат овој трик, додека некои ги споделија своите совети.
– Ставете салфетка на дното од садот и одозгора и ќе ја впие целата влага, така што овошјето нема да пропаѓа – беше еден од советите.
На овој начин можете да складирате и други бобинки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.