четврток, 12 ноември 2026
Најново

Преку ден сончево, попладне дожд – ќе дува и засилен северен ветер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Следува период на променливо облачно и посвежо време, на места со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе опадне за неколку степени.

Поврзани вести