Во пад на лифт во Кина, 19 мртви

 

Деветнаесет лица загинаа, откако на градилиште на облакодер, од 30-ти кат паднал лифтот во кој тие се наоѓале.

Несреќата се случила на место каде се гради нова станбена населба во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеи.

Откако лифтот се искачил на височина од сто метри, неочекувано започнал да се спушта надолу, а животот го загубиле сите 19 лица кои се наоѓале во него. Жртвите биле работници кои работеле на градилиштето.

Локалната полиција веднаш започнала истрага за причините кои ја предизвикале трагедијата. 

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: