Солени палачинки со шунка и зеленчук

Потребни состојки:
-направете ја стандардната смеса за палачинки
-млад кромид
-шунка
-свежа пиперка
-сол, оригано
-павлака
-домати за декорација
Начин на подготовка:
Кога ќе ја подготвите смесата за палачинки, во неа додадете исечкан млад кромид, шунка исечена на ситни парчиња и пиперка исечена на ситни коцки. Потоа додадете сол и оригано.
Испржете ги палачинките, па оставете малку да се оладат. Преку нив намачкајте павлака и декорирајте ги со домат исечен на кругови.
Послужете ги како стандардни палачинки, преклопени или по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.