четврток, 12 ноември 2026
Најново

Обвинителство се огласи по СКАНДАЛОТ: Нема индиции дека Андреа имала намера да го исмее знамето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.
„До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување“, велат од Обвинителството
Потсетуваме, евровизиската претставничка е цел на лавина критики откако вчера го фрли хартиеното мало знаме за време на фотосесија. Иако се работи за непромислен потег, повеќе експерти проценија дека сигурно тоа не го направила намерно или со умисла да ја понижи Македонија.

Поврзани вести