Реално, лупењето мандарини и не е тешка задача бидејќи се потребни само неколку секунди, но ако сакате и тука да добиете на време, овој трик ќе ви користи. Освен ако немате од оние видови мандарини со тврда кора.
Авторката на видеото за овој трик вели дека е генијален и дека ќе ви го промени животот.
Во видеото, Шенон го покажува најлесниот начин како да го извлечете максимумот од вашето омилено овошје: исечете мандарина право по средината, а потоа продолжете да ја виткате кората од сите страни, туркајќи го дното за овошјето да излезе.
„Излегува веднаш, мислам дека е генијално“, вели таа во нејзиното видео.
Некои се воодушевени од трикот, додека други се сомневаат дека навистина ќе успее бидејќи не сите мандарини се толку меки
Како да излупите мандарина во два потега?






