Русија ќе ја снабдува Србија со природен гас

 

Русија и Србија ќе склучат долгорочен меѓувладин договор за испорака на руски природен гас од оваа до 2021 година во обем до пет милијарди метри кубни годишно.

Проектот на договорот е одобрен од рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Во документот се наведува дека „српската страна гарантира своевремено и целосно плаќање на природниот гас“, а во случај испораките да не бидат платени на време тие можат да бидат еднострано прекинати од снабдувачот. Природниот гас, испорачан во Србија во рамки на договорот, е наменет за потребите на српскиот пазар, се додава во документот.

Во текстот од предлог-договорот пишува дека српската страна гарантира дека до крајот на 2014 година ќе ги исплати долгот на државната компанија „Србијагас“ кон „Гаспром експорт“ во вредност од 30 милиони долари за природен гас, испорачан во Србија во периодот од ноември 2000 до јануари 2001 година. 

Пронајдете не на следниве мрежи: