Марулата многу брзо се расипува
Една жена, по име Лама на апликацијата Тик Ток, покажа како се користи едноставен трик за секогаш да имате убава и свежа салата која може да трае и до еден месец.
Парче салата прво се става во стаклена тегла и се полни со вода до врвот. Потоа затворете го капакот и оставете ја салатата во фрижидер. Салатата може да ја задржи свежината и до еден месец, а водата во стаклената тегла треба да се менува. Наместо капак можете да ставите и хартиена крпа, бидејќи ќе овозможи воздухот да струи низ теглата. Со овој метод салатата ќе остане свежа и крцкава.