Сончево и многу топло до 34 степени, УВ индексот 8 – Попладне најава за дожд на овие места

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 33 степени.
Во следните денови ќе продолжи сончевото и натпросечно топло време. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме со појава на град. Во недела, дневната температура ќе се намали за неколку степени, информираат од УХМР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.