четврток, 12 ноември 2026
Најново

Средба на претседателот Стево Пендаровски со Џозеф Штиглиц

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски, во Давос, оствари средба со Џозеф Штиглиц, професор на Универзитетот Колумбија во САД и добитник на Нобелова награда за економија.

На средбата се разговараше за светските економски текови, за социо-економското закрепнување од пандемијата и за новите предизвици со кои е соочена глобалната економија поради воената инвазија на Русија врз Украина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Соговорниците разменија мислења за можните исходи од кризата во глобалната економија, порастот на стапката на инфлацијата и ценовните притисоци, макроекономските импликации на светско ниво, во европската економија и кај нас, како и за влијанието врз политиката.

Претседателот Пендаровски ја поздрави Иницијативата за политички дијалог, што ја предводи Штиглиц, а чија цел е да им помага на земјите во развој да ги истражат алтернативите на економската политика и да овозможат пошироко граѓанско учество во креирањето на економските политики.

Поврзани вести