четврток, 12 ноември 2026
Најново

Повторно е отворена и ставена во функција Амбасадата на Северна Македонија во Киев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, која беше привремено затворена заради безбедносни причини, по руската инвазија врз Украина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со свечено подигнување на знамето од страна на Министерот, Амбасадата отпочна со извршување на своите редовни активности.

„Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи.

Министерот на средбата со неговиот хомолог Дмитро Кулеба, информираше и за одлуката на  Владата која беше донесена во пресрет на посетата, со која се обезбедува итна финансиска помош за Украина во износ од 100 илјади евра.

Киев, 27 мај 2022 г.

Поврзани вести