Италијански тинејџер ги нахранил крадците пред да повика карабинери

Италијанец на 16 години фатил тројца Мароканци како му го ограбуваат дома и ги поканил на вечера, а потоа ги повикал карабинерите да ги уапсат.

Инцидентот се случи во Есте, Општина со околу 17.000 жители во провинцијата Падова.

Мароканците, од кои двајца се илегални имигранти со криминално досие, избрале да крадат во работнички кварт наместо во квартот со вили. Тие упаднале во домот околу еден часот по полноќ и не нашле ништо вредно, земале само еден машки часовник, женски долен веш и козметика.

Но, синот на сопствениците се вратил и видел како еден од крадците зема храна и пијалоци од фрижидерот. Момчето ги поканил тројцата на вечера, а потоа повикал полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: