среда, 18 ноември 2026
Најново

Бугарскиот претседател навести референдум за прашањето на Северна Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бугарскиот претседател Румен Радев навести дека би можел да свика референдум за ветото на Бугарија за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, но негираше дека ќе разговара за ова прашање со францускиот претседател Емануел Макрон.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ставот на Радев е дека ветото не треба да се укине пред Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во нејзиниот устав. „Нема напредок по прашањето меѓу Софија и Скопје, така што нема услови за моја посета на Париз“, рече Радев во средата.

Румен Радев при средба со Канларот Шолц, илустрација

Коментарите на Радев доаѓаат откако бугарските медиуми објавија дека Макрон ги поканил Радев и премиерот Кирил Петков на средба, иако тоа се базира на неофицијални информации. И Петков негира дека ваква покана е упатена.

Франција и Европската комисија инсистираат проблемот да се реши наскоро. Франција инсистира прашањето да се реши пред крајот на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ на 30-ти јуни, но шансите Бугарија да се откаже од своето вето пред тоа се мали.

Ставот на Радев е дека ветото не треба да се укине пред Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во нејзиниот устав. „Нема напредок по прашањето меѓу Софија и Скопје, така што нема услови за моја посета на Париз“, рече Радев во средата.

„Ја ценам посветеноста на нашите европски партнери, но сакам да видам вистински резултати“, рече Радев, додавајќи дека конечните одлуки не ги носи парламентот, туку народот.

Петков, од своја страна, неодамна укажа на недостигот на напредок во решавањето на споровите меѓу двете земји, истакнувајќи дека ветото треба да се укине со одлука на парламентот.

Според бугарскиот закон, претседателот може сам да свика национален референдум, чиј резултат би бил обврзувачки за парламентот доколку се исполнат законските услови за излезност.

Свикувањето референдум за прашањето за Северна Македонија ќе ја преполни јавната агенда во која доминираат војната во Украина и високата инфлација. 70% од Бугарите се против секакви отстапки за Македонците.

Испитувањата на јавното мислење во Северна Македонија покажуваат слична слика, а повеќето граѓани се противат на отстапките во корист на Бугарија.

Поврзани вести