Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 отсто.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на „еуросупер БС-98“ се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар. Цената на дизелот не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за три денари и од утре ќе се продава за 98,5 денари.


