162 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (03.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 162 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.