Негувателка врзала дете за кревет кога била под дејство на алкохол. Уапсена е

Во случајов се бара најстрога санкција за негувателката. Деталите подолу.

Негувателка врзала дете за кревет кога била под дејство на алкохол. Уапсена е

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.

Според Народниот правобранител, кој како орган посебно води грижа за заштита на правата на децата како ранлива група, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.

Имено според член 3 од Конвенцијата за правата на детето, е наведено дека во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, а државите потписнички се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неипходни за неговата благосостојба, а исто така се грижат сите институции, служби и установи кои се грижат за заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги имаат утврдено надлежните органи, особено во областа на сигурноста и здравјето, бројот и достојноста на персоналот, како истручниот надзор. Понатаму, членот 7 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, наложува при преземањето на сите акции во однос на децата со попреченост, како примарна грижа да се зема предвид најдобриот интерес на детето, а членот 15 обврзува државите потписнички да преземат ефективни законски, административни, судски или други мерки за да се спречи лицата со попреченост, на еднаква основа со другите, да бидат изложени на тортура или суров, нечовечки или понижувачки третман или казна

Пронајдете не на следниве мрежи: