Очигледно изјавата на Јакимовски дека Мицковски не ги ферма затворените за 27 април и дека се залагал за некои други затворени ги запали светлата за аларм во конфискуваната БЕЛА ПАЛАТА па мораа да се пишуваат што побрзо обраќања до градоначалникот на Карпош (кој што од таа палата го гласаа пред многу кратко време)…

Жално е што и по 5 години се манипулира со затворените од 27 април и кога ќе затреба се користат за политички пресметки. Еве што напиша Јане Ченто, иако не е јасно каква тоа правда може да испорача Мицковски. Очигледно се мисли на некаква амнестија која не е реална бидејќи не постои во законите на „оваа“ држава…
Почитуван г-дине Јакимовски со цела должна почит кон вас и кон тоа што сте нѐ спомнале во вашите јавни настапи дека сме невини меѓутоа морам да реагирам на тоа дека г-динот Мицкоски не нѐ спомнувал нас.
Јас можам да зборувам од мое име за другите нека си кажат тие.
Наназад веќе 5 години кога и да било тема правосудство во јавните настапи на г-динот Мицкоски сме биле спомнати како жртви на овој режим и дека лично тој и ВМРО ДПМНЕ бараат повторување на постапката час ПОСКОРО.
Пропагандата на СДСМ беше толку брутална што одеше до невидени лаги.
Оваа видео е доказ за тоа, гостувањето во емисија на г-динот Мицкоски на 1ТВ.
Вакви видеа има премногу од емисии.
На големиот протест кои беше за нас беше прашан на улиците за нас. Отворено кажа дека ова е монтиран процес со лажен сведок и дека Русковска обвинителството Кацарска судството треба да ги тргнат рацете за ние да добиеме правда.
Во повеќе говори ни давал безрезервно поддршка.
Дали можел да направи нешто повеќе од тоа во ваква заробена држава, се сомневам.
Таа забегана клика на СДС нас нѐ избра за жртвени јагниња за да ги спасат некои други.
Од она што го знам во овие моменти ВМРО повторно е цел на напади за да се уништи што судски, што со византиски игри и да остане оваа власт да владее.
Јас немам намера да и го продолжам мандатот на ваква криминална и режимска власт и ќе се борам час поскоро да се смени а преку тоа и да се ослободат стегите во судството за да може конечно да ја добиеме правдата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



