четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тотенхем: Заинтересирани сте за Бејл? Тогаш подгответе 100 милиони и Ди Мариа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Англискиот премиерлигаш Тотенхем мошне добро се справува кога се во прашање трансфер-преговорите, тоа се покажало и во минатото, а како стојат сега работите, овој тим може да направи историски подвиг во однос на цената на продажбата на одреден фудбалер.Претседателот на Тотенхем ја одреди цената и барањето на тимот во однос на продажбата на Герет Бејл.
Тотенхем е јасен – бара 100 милиони евра и плус еден играч на Реал Мадрид, се шпекулира дека станува збор за Ди Мариа.
„Дејли Мејл“ пренесува дека Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, кој го прекина својот фамилијарен одмор поради целата ситуација со Бејл, ја одреди цената за Бејл и им стави јасно дознаење на челниците на Реал Мадрид дека нема да има никаков попуст во однос на овој евентуален трансфер.
Се претпоставува дека доколку се дојде до некаков договор со Реал Мадрид, Тотенхем тогаш со сигурност ќе бара да во договорот биде вклучен и Ди Мариа кој би требало да премине во англискиот премиерлигаш, наводно како замена за велшанецот. Претседателот на Тотенхем ја одреди цената и барањето на тимот во однос на продажбата на Герет Бејл.

Поврзани вести