Радикализација на протестите против францускиот предлог најави лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев. Аналитичарите не ја исклучуваат можноста од реализација на ваквите најави поради иритираните национални чувства. До ова доаѓа по вчерашното „преземање“ на водството на протестите кои станаа насилни.
Дали план Б беше вечерашнава радикализација, кршење на прозорците на Собранието и жртвување на одреден број на луѓе кои се приведени?
Апасиев за тоа како ќе се одвиваат протестите со свои зборови:
„Веќе ми е искрено досадно правно да аргументирам, што ни приредуваат. Мислам дека со дечките од Левица ќе влеземе многу пожестоко,“ изјави Апасиев по протестот.
Дали е чиста работата:
За политичките аналитичари реализацијата на најавата за радикализација во поларизирана општествена ситуација е можна, доколку зад тоа стојат одредени организирани структури кои ќе имаат за цел наметнат насилство во протестите или пак тоа да го сторат луѓе чии емоции ќе бидат злоупотребени за „надувување на изјавите за радикализација“.
Јајца и тоалетна хартија за почеток на протестите под мотото “Ултиматум, не благодарам“, а може и некои пожестоки радикални методи најави лидерот на опозициската Левица Димитар Апасиев за денешниот протест против „францускиот предлог “ за отстранување на бугарското вето за почеток на пристапни преговори со ЕУ.
Тој во повиците за најавениот протест во 19 часот, повика демонстрантите освен пред Владата да се протестираат и пред вилата на претседателот Стево Пендаровски, а најави и изненадување „план Б“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.