Како што можеше да се претпостави полицијата започна да ја расчистува толпата која беше насилна вечерва пред Собранието на државава.

Еве што се случува:
…Има повредени полицајци, пред Собранието дојде амбулантно возило. Најмалку двајца од демонстрантите се приведени…
Полицискиот кордон кон стоеше непосредно пред зградата на Парламентот ги потисна демонстрантите и се распореди на работ од улицата која поминува пред Собрание, а оттаму ги потисна демонстрантите кон паркот Жена борец.
Демонстрантите бараат оставка од Владата. Дел од нив гаѓаа кон прозорите на Собранието и дел од прозорите беа искршени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


