
Министерството за правда испрати информација: Ве известуваме дека е отпочната постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија. Добиено е известување од ИНТЕРПОЛ Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Иванагиќ е осомничен за помагање на Зекири во наводната злоупотреба на службената положба и овластувања при изработката на студија за реструктуирање на Македонска пошта. Зекири негира дека во овој случај има каква било злоупотреба на службената положба.
Обвинителството сѐ уште работи на прибирање на доказите и чека на исказите на Иванагиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи:


