Почина жената од Неготино која што ја претепа сопругот

Вчера почина 46-годишната жена од Неготино, откако беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) на втори август.

Жената од Неготино починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Откако беше брутално претепана од сопругот со боксови по глава, падна во кома, а во текот на вчерашниот ден починала.

Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, д-р Маја Мојсова, изјави дека жената била донесена со многу тешки повреди на мозокот и черепот.

Жртвата беше мајка на две полнолетни деца. Македонската јавност се уште е запрепастена од овој настан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.