Два американски бомбардери Б52 денес го надлетаа Скопје, соопшти Министерството за одбрана на Северна Македонија.
Точно во 14:35 можеше над градот да се чуе гласно поминување на овие летечки тврдини…

Како што е најавено, два воени авиони Б52 на Военото воздухопловство на САД во Европа и Африка утре во 14:35 часот ќе го прелетаат Скопје.
Летовите на тие авиони, се посочува, демонстрираат силен сојуз во НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучително и за Северна Македонија.
За да се покаже посветеност и безбедносна гаранција кон балканските сојузници и партнерите во НАТО, утре освен македонското небо, воздухопловните сили ќе летаат и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.
Пронајдете не на следниве мрежи:


