ИЗВЕШТАЈ НА ООН: Босна губи најмногу жители, не е далеку ни Македонија

Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број жители во светот, според извештајот на Обединетите нации (ОН) за 2022 година „Перспективи на светската популација“.

ИЗВЕШТАЈ НА ООН: Босна губи најмногу жители, не е далеку ни Македонија

Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи повеќе од 1,5 отсто од населението.

Меѓу првите десет земји се Србија и Хрватска, едната на седмото место, а другата веднаш по нив, на осмото место.

Тој очекува Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Северна Македонија и Полска да изгубат од 40 до 50 отсто од своето население до крајот на овој век.

– Анализата на состојбата со населението потврди дека Босна и Херцеговина е земја со „најниска ниска“ плодност во светот – 1,25, високи нивоа на миграција и стареење на населението, како и длабоко вкоренети форми на нееднаквост, предупреди покојниот Џон Кенеди Мосоти, претставник во Фондот за население на Владата на Босна и Херцеговина, по составувањето на Проекциите за населението на земјата за периодот 2020 – 2070 година.

Тој проценува дека до 2070 година ваквите демографски движења и нееднаквости ќе доведат до намалување на вкупното население за повеќе од 50 проценти, додека демографската структура ќе се приклони кон постарото население, со учество во вкупниот број жители од над 40 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.