„Трајче Пеливанов се определува само како времена замена, не е вршител на должноста. Тој е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, да потпишува, да може да се подига плата, не е како класичен вршител на должноста, а ова е законски регулирано во член 9 за Совет на јавни обвинители.“ – вели претседателот на Совет на јавни обвинители, Антонио Јолевски.
Коле Штерјев, Член на Советот на јавни обвинители изјави:
„Доколку на јавниот обвинител му заврши мандатот, му престане функцијата или биде разрешен, Советот избира в.д. Неизбежен услов е обвинителот да биде разрешен. Ако сакаме мерката суспензија да се спроведе во друга мерка“, изјави Коле Штерјев, Член на Советот на јавни обвинители.

Пеливанов беше дел и од тимот на поранешното Специјално јавно обвинителство. Одлуката за времена замена на Русковска е донесена на седница на Советот на јавни обвинители од каде што објаснуваат дека назначиле привремен шеф бидејќи станува збор за обвинителство каде што се гони сериозен организиран криминал и не треба истото да се остави без раководител.
„Во моментот се работи на прибирање на материјална документација од повеќе надлежни институции, по што ќе бидат обезбедени и вербални искази од сите лица кои би можеле да имаат сознанија неопходни за утврдување на фактите. По обезбедувањето и анализата на прибраниот доказен материјал ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.
Пронајдете не на следниве мрежи:


