Редовното вежбање штити од рак

Редовната телесна активност, меѓу умерена и посилна, го намалува ризикот од 13 видови на карцином, вели една американска студија објавена во Journal of the American Medical Association, Internal Medicine.

Редовното вежбање штити од рак

Се проценува дека 51 проценти во САД и 31 проценти во светот, не се занимаваат со телесна активност во онаа мера колку што е потребно за да останат со добро здравје, велат научниците од Американскиот национален институт за рак, а резултатите ги објавија во студијата .

„Се работи за одење, трчање пливање, или возење на велосипед, со умерено, или посилно темпо, 150 минути неделно”.

Уште порано беше утврдено дека телесната активност ја намалува опасноста од рак на дебелото црево, градите и ендометрија, но за другите типови на рак, резултатите не беа доволно јасни поради премалиот број на учесници во испитувањето. Ова истражување е спроведено на 1,44 милиони луѓе меѓу 19 и 98 години во САД и во Европа.

Учесниците се следени просечно 11 години за време на кои се забележани 187.000 нови случаи на рак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.