Драган Павловиќ Латас во гостувањето на Канал 5 пред неколку дена зборуваше за стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, за „активната блокада“ на Собранието и кажа дека тој не разбира што е тоа активна блокада.
-Тие ги поддржувале само законите кои биле од корист за граѓаните и тоа било активна блокада.

Па чекајте, опозициските пратеници и кога не се во „активна блокада“, не гласаат за сите закони, односно даваат поддршка само за оние кои им се допаѓаат. Јас оваа стратегија не ја разбирам и не знам колку е во ред, рече Латас.
На прашањето од новинарот, што би им порачал на СДСМ, Латас рече дека тој е стручњак во политиката и неговите совети ги наплаќа, но еве, ќе им даде бесплатен совет, што треба, или требало да направат!
-Јас да бев СДСМ, ќе распишев вонредни избори во јуни или јули, за тие да се одржат во Ноември.
Во ова најтешко време, ќе дозволев ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, за потоа, во мај или јуни догодина, со нов лидер на СДСМ, да се вратат на власт.
Пронајдете не на следниве мрежи:


