Не може да има победници во нуклеарна војна, рече шефот на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека реториката на рускиот претседател по ова прашање е опасна.

Коментирајќи го денешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин, во кој тој ги предупреди оние кои ја уценуваат Русија со нуклеарно оружје дека ветровите можат да се свртат против нив, Столтенберг изјави за Ројтерс:
Тоа е опасна реторика, но не е ново… не може да има победници во нуклеарна војна, последиците за Русија ќе бидат катастрофални.
Столтенберг рече и дека НАТО не сака конфликт со Русија и не е страна во конфликтот во Украина.
„Конфликтот во Украина ќе заврши на преговарачката маса, а Алијансата сака да му помогне на Киев да обезбеди добри преговарачки позиции“, заклучи тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:



