Средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, фон дер Лејен и бугарскиот претседател Радев

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари трилатерална средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата беше разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.

Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза и ја истакна важноста од  меѓусебна поддршка за јакнење на регионалната енергетска безбедност.

Пронајдете не на следниве мрежи: