Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски утре во Собранието ќе го поднесе предлогот од ЛДП, Ристо Пенов да биде избран за нов министер за локална самоуправа на местото на Горан Милевски кој си поднесе оставка. Оставката на Милевски веќе е во собраниската архива и се очекува таа да се најде пред пратениците на седницата закажана за идниот понеделник на 17 октомври.

Доаѓањето на Пенов на министерската функција ќе биде негово враќање на политичката сцена по повеќе од 10 години. Тој во два мандати беше градоначалник на Скопје, а во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието.
Пронајдете не на следниве мрежи:


