Во наредните четири месеци најранилите категории граѓани, конкретно 42.000 приматели на социјална помош ќе добиваат по 3000 денари, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој на прес-конференцијата го соопшти најновиот сет антикризни мерки. Рече дека тука се вбројуваат и луѓе со попреченост, родители на деца со попреченост до 26 години, оние кои земаат помош за туѓа нега, луѓе со потешки заболувања, самохрани родители корисница на минимална помош. За оваа мерка Владата издвоила над 8 милини евра.

Истовремено, Ковачевски нагласи дека по 1.500 денари односно вкупно 6000 денари за 4 месеци, ќе земаат пензионерите чии пензии изнесуваат 11.525 денари, а такви има околу 91 илјада пензионери. Помош од вкупно 3000 денари ќе добијат и пензионерите што зимаат од 11.525 до 14 илјади денари пензија. Во таа група има околу 66 илјади пензионери.
-Владата ќе обезбеди и помош за образовните и јавните здравствени установи. Школите ќе бидат на регулиран пазар на струја, за што се обезбедени милион евра. А јавните здравствени претпријатија ќе набавуваат струја од ЕСМ по далеку пониска цена од берзанската. Ќе има и струја за мерни станици на пумпи за вода, по поволна цена од берзанската, за да не останат без вода граѓаните кои се снабдуваат со пумпи, истакна премиерот Ковачевски.
Најавена е и помош за приватниот сектор, со поповолни кредити, субвенционирање на проекти за енергетска ефикасност и забрзан поврат на ДДВ.
Пронајдете не на следниве мрежи:


