Јахтата „Окто“ е една од 46-те јахти прикажани минатата недела на Monaco Yacht Show. Покрај гламурозната надворешност, оваа јахта може да се пофали и со фантастични перформанси и неверојатно луксузен ентериер. Нејзината цена е импресивна – 60 милиони долари.Оваа суперјахта има пет палуби и шест кабини во кои комфорно може да се сместат 11 гости и 17 членови на екипажот.
Големата стаклена површина однадвор остава елегантен впечаток, а одвнатре дека гостите спијат во вода.
Главната спална соба има своја одвоена палуба, за целосна приватност.
Додаток во спалната соба е големиот гардеробер направен од стакло и огледала. За да биде сè совршено луксузно, дизајнерите за бањите користеле најквалитетен мермер.
Дневната соба е комфорна, а опремена е така што може да послужи и како мала кино сала. Трпезаријата со поглед на море може да угости 10 лица, но не е единствена на јахтата.
Во долниот дел од јахтата има и кујна со вински бар, а доколку гостите посакаат да дојдат со хеликоптер, оваа јахта, секако, има и хелиодром.
Оваа суперјахта има пет палуби и шест кабини во кои комфорно може да се сместат 11 гости и 17 членови на екипажот.