Потреси во Министерство за Здравство, Софијанова и Васев поднесоа оставки

МЗ денеска информираше дека по нивно барање, денес до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.

Потреси во Министерство за Здравство, Софијанова и Васев поднесоа оставки

Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана.

Пронајдете не на следниве мрежи: