Уапсено лицето кое нападна снимател на ТВ24

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од Љ.И. (42) од Скопје, снимател во ТВ 24, дека денеска околу 14:20 часот на ул. Пржино во Скопје бил физички нападнат од М.П.

Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје преземени се мерки и активности и напаѓачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка,“ се наведува во соопштението на Министерството.

Како што посочуваат, за настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а по извршената консултација и добиените насоки од него, против М.П. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „Насилство”.

Пронајдете не на следниве мрежи: